Ракомет
10. August 2019 - 8:26

Кадетите славеа против Бахреин

Македонската ракомента репрезентација славеше победа против Бахреин со резултат 27:25 во третото коло од Мундијалот во Скопје.

Кадетите во првото полувреме одиграа подобро и водеа со три-четири гола за на пауза да заминат со предност од 12:9.

Второто полувреме не донесе големи резултатски промени. Македонските ракометари го бранеа водството до конечна победа со 27:25.

Македонија со вчерашниот успех има две победи против Нигерија и Бахреин, како и еден пораз од Аргентина.

За да продолжи во осминафиналето, нашата репрезентација треба да се пласира меѓу првите четири во групата, а моментално е на второто место.

Во Групата Ц, освен Северна Македонија и Бахреин, се и репрезентациите на Данска, Аргентина, Јапонија и Нигерија.