Македонија
17. April 2021 - 21:29

Каде ќе ја примат втората доза Астра Зенека Македонците кои се вакцинираа во Србија?

Во вторник ќе се знае каде ќе се ревакцинираат македонските граѓани кои ја примија првата доза Астра Зенека во Србија. На прашањата на Сител дали ги добиле списоците за лица кои се вакцинирале кај северниот сосед и по одлуката Астра Зенека да се дава само на постари од 60 години, дали граѓаните кои се вакцинираа во Србија, а се помлади можат ли со писмена изјава втората доза во јуни да ја примат во земјава, од министерството за здравство без прецизен одговор, и за ова ќе се дискутирало на состанокот на Филипче со неговиот колега Лончар во Белград.

За истото прашавме и во српското министерство здравство,но не добивме одговори. Неодамна тамошните власти изјавија дека завршена е имунизацијата на странци на нивна територија.

Во меѓувреме се отвора прашањето дали може сите кои примиле една доза Астра Зенека да се ревакцинираат со друга вакцина. Професорот Драган Даниловскки вели, светските научници сметале дека ова е безбедно и се создава силен имунитет, но вакво истражување било правено само врз глувци. Неговиот став е македонските власти да почекаат и да не експериментираат додека не завршат студиите врз луѓе.

-Такви студии се почнаа да се прават во февруари во Велика Британија и во Азербејџан каде се комбинира Астра Зенека со Спутник, меѓутоа прелиминарните резултати се најавени за јуни, а истражувањето сигурно ќе трае една година. Мојот став е да почекаме да ги видиме прелиминарните резултати, па после да одлучиме дали да  комбинираме, изјави за Сител професорот по Епидемиологија Драган Даниловски.

Професорот Даниловски не гледа причина зошто не би постоела можност помладите од 60 години кои се вакцинирале со Астра Зенека во Србија доколку потпишат писмена изјава втората доза да ја примат во Македонија.

-Јас не гледам зошто не би постоела таква можност да си потпишат изјава, но сепак треба да се произнесе министерството за здравство, додаде професорот Даниловски.

Инаку државата кон крајот на април очекува уште 76.000 вакцини токму Астра Зенека преку Ковакс. Со првата количина се вакцинираа лицата над 77 години.