Свет
4. September 2017 - 11:21

Јужна Кореја времено ќе распореди уште четири лансери за ТХААД

Јужна Кореја соопшти денеска дека ќе ги распореди и останатите четири лансери за американскиот противракетен систем ТХААД, како одоговор на најновата нуклеарна проба на Пјонгјанг. 

Системот ТХААД, што веќе е инсталиран во Јужна Кореја, предизвика бурни реакции во Кина. 

Во соопштението на јужнокорејското Министерство за одбрана, се наведува дека четирите преостанати лансери ќе бидат распоредени по завршувањето на владините проценки за нивно влијание врз животната средина. 

За да се распоредат лансерите ќе бидат извршени одредени конструкции, додаде јужнокорејското Министерство. 

Досега се распоредени два лансера.