Loading Video...
Свет
18. February 2021 - 12:26

Јужна Африка е прва земја што ќе се имунизира со вакцината на „Џонсон и Џонсон“

Јужна Африка стана првата земја во која почна користењето на вакцината од американскиот производител Џонсон и Џонсон.  Оваа вакцина спаѓа во групата која содржи безопасен вирус на САРС Ков-2, кој не предизвикува заболување, туку генерира имунолошки одговор и нејзината предност е што се дава во една доза.

Оваа афричка земја е актуелна изминативе месеци откако се појави нова мутација на Ковид 19, познат како јужноафрикански вид, па се очекуваат резултатите дали имунизацијата ќе се покаже како отпорна на овој вид на вирус.

Милијардерот Бил Гејтс е главен финансиер на истражувањето во Јужна Африка за да утврди дали вакцините на компаниите АстраЗенека, Џонсон и Џонсон и Новавак се подеднакво ефикасни против позаразната варијанта на коронавирусот. Истовремено тој најави дека Можно е да биде потребна трета доза од вакцината против коронавирус за да се спречат сериозни случаи на заболување предизвикани од новите видови.

А Последните лабораториски студии покажуваат дека вакцините на Фајзер - Бионтех и на Модерна штитат од нови мутации на коронавирусот. Вакцинте обезбедуваат помалку неутрализирачки антитела, но доволно за справување со вирусот.

Шведска за прв пат од почетокот на пандемијата најавува воведување на рестриктивни мерки, кои би го спречиле третиот бран на заболени од Ковид 19. Шведските здравствени власти  планираа да воведат локални карантини и да се затвораат јавните места. Мерките произлегуваат од законот за пандемија, што парламентот по брза постапка го усвои минатиот месец и кој треба да стапи на сила на 11 март. Шведска досега регистрираше над 600 илјади случаи на зараза, со над 12 илјади починати.

Силното невреме што го зафати југжниот дел од САД предизвика вистинска катастрофа во американската држава Тексас. Студениот бран остави милиони луѓе без греење и без вода веќе трет ден, а властите препорачаа граѓаните да се подготват на можност струја да нема и за време на викендот.

На околу 12 милиони жители во погодените места им е кажано да ја превриваат водата, бидејќи електраните и натаму се соочуваат со неможност за активирање на своите системи. Струја нема за околу 2,7 милиони домаѓинства. Најкритично е во Болниците во Хјустон, главниот град на Тексас, кои сеуште немаат вода, и информираат дека десетици смртни случаи се резултат токму на студениот бран.