Фудбал
26. February 2017 - 11:11

Јувентус рутинирано го совлада Емполи

 
 Актуелниот шампион и лидер на табелата во италијанската Серија А, тимот на Јувентус забележа сигурна победа со 2-0 во дуелот со Емполи кој се бори за опстанок.
 
На средбата одиграна во Торино, а во рамките од 25.коло, головите за „старата дама“ ги постигнаа Марио Манџукиќ (52.минута) и Алекс Сандро (65).
 
На првиот натпревар од ова коло Аталанта на гости го победи Наполи со 2-0.
 
Дешната програмата ја отвараат Палермо и Сампдорија со средбата од 12.30 часот, а во централниот термин од 15 часот ќе играат: Киево – Пескара, Сасуоло – Милан, Лацио – Удинезе, Џенова – Болоња и Кротоне – Каљари.
 
Дербито на колото меѓу Интер – Рома ќе се игра вечерва од 20.45 часот. .
 
Колото ќе биде комплетирано во понеделник со натпреварот Фиорентина – Торино (20:45 часот).
 
Табела: Јувентус 66 бода, Рома 56, Наполи 54, Аталанта 51, Интер 48, Лацио 47, Милан 44,,..