-->
-->
Јувентус одлучи да ја повлече понудата за нов договор на Дибала
-->
– Јувентус одлучи да ја откаже понудата за напаѓачот Пауло Дибала за нов договор според кој тој ќе добива осум милиони евра годишно плус бонуси од два милиона евра годишно, објави „Скај спорт Италија“.
Според изворот, торинскиот клуб сака да му ја намали платата на играчот. Во клубот се уверени дека пред затворањето на зимскиот преоден рок нема да добие попрофитабилни понуди.
Се шпекулираше дека за Аргентинецот се заинтересирани Тотенхем, Барселона, Атлетико и Интер.
Дваесет и осумгодишниот Дибала на 20 натпревари за Јувентус оваа сезона постигна девет гола и забележа четири асистенции. Договорот на напаѓачот со торинскиот клуб е до 30 јуни 2022 година.
Порталот Трансфермаркт го проценува Аргентинецот на 50 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење