Фудбал
21. May 2017 - 19:18

Јувентус ја прославува новата шампионска титула

 
 
 Екипата на Јувентус ја прославува новата шампионска титула во фудбалското првенство на Италија. 
 
Јувентус забележа убедлива победа со 3-0 во дуелот против Кратоне со што „старата дама“ на коло до крајот на сезоната во Серија А, има недостижни четири бодови повеќе од второ пласираната Рома. 
 
За Јувентус ова е 34-та титула првак на Италија, а петта во низа. 
 
На останатите натпревари кои се одиграа попладнево во Серија А, постигнати се овие резултати: Милан – Болоња 3-0, Удинезе – Сампдорија 1-1, Сасуоло – Каљари 6-2, Џенова – Торино 2-1 и Емполи – Аталанта 0-1. 
 
Утревечер ќе се одигра мечот Пескара – Палермо со кој ќе биде комплетирано ова коло. 
 
Табела: Јувентус 88 бода, Рома 84, Наполи 83, Лацио 70, Аталанта 69, Милан 63,... Емполи 32, Кротоне 31, Палермо 23 и Пескара 14.