Фудбал
10. April 2016 - 9:58

Јувентус го мина и Милано

Фудбалерите на Јувентус остварија нова победа во италијанското калчо и ја зголемија предноста во битката за скудетото на 9 бода во однос на Наполи кој денеска игра со Верона. 

Старата дама славеше со 2-1 во Милано против Милан во меч на кој домаќинот поведе со погодокот на Алекс на почетокот од првиот дел. По само 10-тина минути Манџукиќ израмни на 1-1 а победата ја донесе Погба во вториот дел.