Фудбал
15. July 2017 - 16:35

Јуве не го дава Игуаин ни за 100 милиони

Италијанскиот шампион Јувентус ја одбил понудата на Челзи за Гонзало Игуаин вредна 100 милиони евра, објави „Тутоспорт“.
 
Аргентинецот во Јувентус пристигна минатата сезона за рекордент трансфер во Серија А од 90 милиони евра. Во својата деби сезона во „црно-белиот“ дрес тој постигна 32 гола.
 
Челзи од почетокот на преодниот рок е во потрага по напаѓач, првиот избор Ромелу Лукаку го одбра Манчестер Јунајтед. Се шпекулира дека сега менаџерот на „сините“, Антонио Конте бира меѓу Алваро Мората од Реал и Пјер-Емерик Обамејанг од Дортмунд.
 
Последните информации говорат дека Мората нема намера да се сели на „Стенфорд Бриџ“, односно дека Челзи понудил 70 милиони евра за Обамејанг.