Фудбал
14. December 2015 - 8:55

Jуве најави ново „скудето“

Фудбалерите на Јувентус ја совладаа Фиорентина во дерби натпреварот од 16.коло во Серија А и се искачија на четвртото место на табелата со шест бодови помалку од лидерот Интер.
 
Јувентус против екипата од Фиренца ја забележа шесттата последовна победа во Серија А и по лошиот старт во превенството се врати во борба за шампионаската титула.
 
‘Старата дама’ до триумфот стигна во финишот на натпреварот со головите на Манџукиќ и Дибала. Претходно, Фиорентина го отвори резултатот со голот на Иличиќ од пенал во третата минута, а само три минути подцна израмни поранешниот играч на ‘виолетовите’ Квадрадо.
 
Во второто дерби кое се одигра во неделата, Наполи и Рома одиграа здодевен меч кој заврши без голови.
 
По 16 натпревари во Серија А води Интер со 36 бодови, пред Фиорентина и Наполи кои имаат по 32, Јувентус со 30 и Рома со 29.