Свет
11. February 2017 - 21:48

Јункер: Велика Британија би можела да го растури европското единство

Претседателот на Европска комисија Жан Клод Јункер истакна дека се сомнева оти за време на преговорите за излез на Велика Британија од Европска Унија, другите 27 земји-членки ќе можат да го задржат „обединетиот фронт“.

- Тие (Британците) можат едно да и ветат на земјата А, друго на земјата Б, а трето на замјата Ц и играта завршува така што нема да има обединет европски фронт, изјави Јункер во интервју за германското радио „Дојчеландфунк“.

Тој додаде дека Велика Британија нема да може да преговара за трговските договори се додека е членка на ЕУ.