Јункер: ЕУ треба да биде непопустлива кон Лондон во однос на условите за напуштање
Европската унија мора да биде непопустлива кон барањата на Велика Британија кога станува збор за условите за нејзино напуштање на сојузот, изјави претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер.
- Не можете со едната нога надвор, а со другата внатре. За тоа прашање мора да бидеме непопустливи. Гледам маневрирање од страна на Британија, изјави тој.
Британската премиерка Тереза Меј вчера рече дека сака одговор кој на Британија и нуди „максимална слобода“ да дејствува на европскиот пазар, додека од друга страна задржува контрола врз имиграцијата.
Јункер на прес конференција во Париз предупреди дека Британија ризикува да „погази се што е изградено“ за шест децении европска интеграција.
Меј најави дека ќе покрене преговори со Брисел за брегзит до крајот на март идната година.
Ново на Сител
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава