Loading Video...
Кошарка
26. July 2019 - 18:50

Јуниорите вечерва против Ирска го започнуваат настапот на Евробаскетот во Романија

Три млади македонски кошаркарски репрезентации денеска ги започнуваат своите активности. 
 
Јуниорите предводени од селекторот Тони Симиќ, вечерва против Ирска го започнуваат настапот во „Б“ дивизијата на шампионатот за играчи до 18 години што се одржува во Романија. 
 
Македонските јуниор ќе настапуваат во Б групата во која покрај Ирците, за противници редоследно ќе ги имаат и селекциите на: Украина (сабота), Грузија (неделна), Словачка (вторник) и Данска (среда). 
 
Првопласираните две селекции ќе играат во четвртфиналето, додека последните две од секоја од  четирите групи, ќе разигруваат за опстанок во оваа конкуренција. 
 
Во Скопје од денеска до недела, двете кадетски селекции ќе бидат домаќини на силен турнир. 
 
Машката селекција до 16 години која е и единствената која летово ќе не претставува во елитната „А“ дивизија на шампионатот во Италија, во големата сала на СЦ „Кале“ го игра првиот меч проти врсниците од Израел
 
Ова е исклучително интересен меч имајќи в предвид дека Израелците ќе бидат и  еден од трите противници на црвено-жолтите во групната фаза на шампионатот во Удине. Утре црвено-жолтите од 19 часот ќе се играат против Полска, а во недела од 10:30 противник ќе им биде Чешка. 
 
 Девојчињата кои своите натпревари ќе ги играат во СЦ „Јане Сандански“, од 20 часот, вечерва играат против Босна и Херцеговина, а утре4 и задутре во истиот термин ќе се сретнат со Црна Гора и на Бугарија.