Фудбал
2. January 2018 - 9:40

Јунајтед победи и се врати на 2. место

По три нерешени средби фудбалерите на Манчестер Јунајтед конечно извојуваа победа во Премиер лигата и тоа на жешкиот терен на Евертон каде славеа со 2-0.
Со две асистенции на критикуваниот Погба головите ги постигнаа Марсијал и Лингард во вториот дел од мечот.
Јунајтед сега со натпревар повеќе е на второто место од Челзи кој игра в среда со Арсенал во градското дерби.