Јун прогласи воена состојба во Јужна Кореја
Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јеол денеска прогласи воена состојба со цел да се искоренат „просевернокорејските сили“ и да се одржи уставниот поредок.
„За да се заштити либералната Јужна Кореја од заканите од комунистичките сили на Северна Кореја и да се елиминираат антидржавните елементи, прогласувам вонредна воена состојба“, рече Јун во телевизиско обраќање во живо до нацијата.
Во текот на изминатиот месец, Северна Кореја ги прекина далноводите инсталирани од Јужна Кореја за снабдување со електрична енергија на затворениот заеднички индустриски парк и разнесе делови од патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја северно од воената линија за разграничување.
Претходно, Северна Кореја ги отстрани уличните светла и постави мини долж патиштата Ѓеонгги и Донхае, и распореди војници на својата страна од демилитаризираната зона, според јужнокорејската новинска агенција.
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс