Македонија
7. January 2023 - 16:37

Југоистокот ќе инвестира за подобар туризам и заштита на културното наследство

Општините од Југоистокот оваа година ќе инвестираат над 55 милиони денари во подобрување на туристичката понуда и зачувување на културното богатство. 

Се работи за два различни проекти кои ќе се реализираат во Босилово. Ново Село, Дојран, Валандово, Радовиш, Гевгелија, Василево и Конче. 

Преку проектот кој е насловен „Туризмот иднината на регионот“ планирано е изградба на спортско рекреативни патеки, обнова на постоечките и изградба на нови пешачки патеки до дел од туристичките локалитети, велосипедска патека, поставување на смарт табли и набавка на  електрични велосипеди, изградба и подобрување на дел од патната инфраструктура. 

Најголемиот дел од средствата се обезбедени преку Бирото за регионален развој, а свое учество имаат и општините партнери.

Вториот проект е насловен „Културното богатство - наследство за идните генерации“. Во него како партнери се јавуваат три општини во кои е планирано реконструкција на постоечките културни домови.

Осумте општини овие проекти ќе ги реализираат преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион кој е носител на истите. Според најавите реализацијата на активностите треба да завршат до крајот на летото.