Балкан
17. November 2019 - 21:01

Југо од 120 км/час беснее на Јадранот: Во Истра забележани над 2.500 молњи, на брегот бранови од 5 метри

Црвен метеоаларм втор дена по ред е на сила за целиот хрватски брег.

Проблем прави „југото“ кој носи бура, а се проценува дека ветровите ќе достигнат брзина и до 120 км/час, а на море се создаваат бранови повисоки од 5 метри.

Истрамет наведува дека многу е незгодно што се згодиле плимата и големите бранови.

Сензор забележал околу 2.600 молњи во Јадранот, како да е лето.

И натаму се во прекин одредени траектни и катамарански линии кои го поврзуваат Сплит со островите.

Како што се додава, во прекин се одредени линии кои ја поврзуваат Риека, Задар и Дубровник со островите.