Loading Video...
Спорт плус
4. August 2019 - 15:47

Јубилејна 50-та победа на Марк Маркез во „Кралската класа“

Шпанецот, Марк Маркез ја оствари својата јубилејна 50-та победа во најсилната Мото ГП класа во светскиот шампионат.
 
Актуелниот шампион Маркез, доминантно триумфираше на 10-тата трка во Мото ГП, која се возеше на патеката Брно, за Големата награда на Чешка.
 
До својата шеста победа сезонава, Маркез стигна на импресивен начин, оставајќи ги зад себе Италијанецот, Андреа Довициозос и Џек Милер од Австралија. 
 
Со овој триумф Маркез стана само четвртиот мотоциклист кој стигнал до бројката од 50 победи во најсилната „Кралска класа“.
 
Со новите 25 бодови, Шпанецот сега има вкупно 210 бодови. 
 
Зад него се конкурентите од Дукати, двајцата Италијанци Довициозос со 63, односно Петручи кој денеска заврши осми, а има дири 81 бод помалку од Маркез.
 
На вечната листа убедливо прв е легендарниот Италијанец, Валентино Роси со 89 победи, пред сонародникот Џакомо Агостини со 68 и Австралиецот, Мајкл Дуан со 54.  
 
Веќе следниот викенд (11 август) ќе се вози трката за Големата награда на Австрија.