Фудбал
22. November 2017 - 10:51

Јубилеен 100-гол на Роналдо во евро-куповите

Двата гола на Кристијано Роналдо против АПОЕЛ вредеа многу повеќе отколку само заверка на победата против кипарскиот тим.
 
Благодарение на тие два гола, Кристијано Роналдо дојде до 100 гола за Реал Мадрид во европските натпреварувања. 98 од погодоците се во Лигата на шампионите, преостанатите два се во Суперкупот на Европа.
 

Воедно Португалецот со двата синоќешни гола стигна до вкупно 18 во елитното натпреварување, постигнати во една календарска година, со што го надмина сопствениот рекорд од 2015 година во која постигна вкупно 16 гола,