Македонија
5. јуни 2017 - 17:06

ЈСП со бесплатен превоз до аеродром за утрешниот пречек

ЈСП ги известува граѓаните дека по повод освојувањето на европската клубска шампионска титула на РК Вардар,  организира бесплатен автобуски превоз за дочек на ракометарите на аеродромот „Александар Велики“ – Скопје.

Термините и локациите на тргнување на автобусите се следни:

1. Ѓорче Петров

Тргнува од Црква „Св. Петар и Павле“ во 09:30 часот, со застанување на следните локации:
– City Mall,
– Хотел Карпош (наспроти Хотел Карпош кон Центар) и
– Македонски Пошти.

2. Кисела Вода

Тргнува од почетен Терминал на линија 24 во 09:30 часот, со застанување на следните локации:
– Општина Кисела Вода,
– Транспортен Центар (Бензинска пумпа Макпетрол) и
– Алкалоид (Автокоманда).

3. Аеродром

Тргнува од Т.Ц. Скопјанка (пред Тобако 2) во 09:30 часот, со застанување на следните локации:
– Т.Ц. Бисер,
– Пошта (Ново Лисиче),
– ФФМ (Ново Лисиче) и
– Слаткарница Шарлота (автопат на излез од Маџари).