Loading Video...
Спорт плус
11. July 2020 - 16:21

Јовановски останува претседател на македонската одбојкарска федерација

 
 
Петар Јовановски останува на претседателската функција на Одбојкарската Федерација на Македонија и во следните 4 години. 
 
Вака одлучија делегатите на изборното собрание кое се одржа во Штип. За против кандидат го имаше поранешниот одбојкарски репрезентативец Јовица Симовски, кој својата кандидатура ја поднесе вчера, а го кандидираше матичниот клуб „Вардар“. Двајцата претенденти за челната функција ја презентираа својата програма. 
 
Јовановски ја доби довербата од 17 делегати, а за Симовски гласаа 4-ца. Јовановски на челната позиција во Федерацијата е од 2010 година, а ќе остане до 2024-тата. 
 
Пред присутните беше елабориран извештајот за работата на ОФМ за изминатите 5 години, како и финансискиот извештај за 2019-та година, кој побуди бурна расправа, по што беше одлучено во следните 30 дена да биде ангажирана независна ревизорска куќа која ќе даде своја оценка. 
 
Се избраа и членови на Извршниот и Надзорниот одбор, а се расправаше и за измени и дополнување на Статусот на Федерацијата.