Loading Video...
Спорт плус
1. October 2019 - 16:29

Јован Стојоски 38-ми во квалификациите на 400 метри

 
Единствениот македонски претставник 17-тото Светското атлетско првенство што се одржува во Доха, Јован Стојоски настапи во квалификациите на 400 метри. 
 
Тој трчаше во третата од шесте квалификациски групи, а со постигнатото време од 47 секунди и 92 стотинки го освои последното место во својата група. 
 
Овој резултатот на Стојоски, што инаку е за точно 1 секунда послаб од неговиот најдобар резултат, го рангира македонскиот атлетичар на 38-то место во квалификациите во кои трката ја завршија 41 натпреварувач.