-->
-->
Јотовски поразен во второто коло во Хамамет
-->
Македонскиот тенисер Томислав Јотовски го заврши настапот на фјучрс турнирот во Тунис откако попладнево во меч од второто коло загуби од Французионот Габриел Пети со 2-1 во сетови. Мечот траеше 135 минути.
Противникот на Јотовски лесно го доби првиот сет со максимални 6:0 во гемови, а нашиот тенисер успеа да го изедначи резултатот откако во вториот сет беше подобар со 6:4 во гемови. Во решавачкиот сет резултатот беше изедначен до 3:3 во гемови, а Јотовски потоа направи брејк и поведе со 4:3. Но, Пети направи серија од три гема и го доби сетот со 6:4 во гемови.
Иако, Пети го доби првиот сет убедливо односот во поени во целиот меч покажува дека се водела изедначен борба (90:83 за Пети). За пласманот во второто коло Јотовски ќе добие еден поен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците