Тенис
23. January 2016 - 19:19

Јотовски поразен во финалето во двојки во Хамамет

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да триумфира на фјучрсот во двојки што се игра во Хамамет, Тунис. Тој и Миљан Зекиќ од Србија загубија во финалето од првите носители Маркус Ериксон (Шведска) и Матео Воланте (Италија) со 6:2 и 6:1.

Јотовски и Бесир Дургути се пријавени за настап и на следниот фјучрс во Тунис.