Тенис
18. October 2017 - 19:15

Јотовски поразен од четвртиот носител на фјушрсот во Тунис

 Македонскиот тенисер Томислав Јотовски го загуби мечот од првото коло во сингл конкуренција на фјучрсот што се игра во Хамамет, Тунис. Тој денеска загуби од четвртиот носител Џерард Гранољес-Пујол со 2-0 во сетови (6:3 и 6:4 во гемови).
Во првиот сет по 2:2 во гемови Гранољерс-Пујол успеа да поведе со 5:2 и да го реши сетот во своја корист. Во вториот сет Јотовски имаше водство од 4:3 во гемови, но противникот пак освои три гема во серија и до доби мечот.
Јотовски утре заедно со Резарт Цунгу од Црна Гора во игра на двојки во четвртиналето ќе играат против Стивен Диез (Канада) и Бруно Мардонес (Шпанија).