Тенис
28. March 2018 - 18:31

Јотовски почна со победа на уште еден фјучрс во Тунис

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски со победа го почна третиот настап на фјучрс турнирите во Тунис.
Тој попладнево во Хамамет го совлада квалификантот Томасо Габриели од Италија со 2-0 во сетови за 74 минути. Нашиот тенисер двата сета ги доби со 6:4 и 6:0 во гемови.
Јотовски во следното коло ќе игра против третиот носител Мариано Кастелбоим од Аргентина,кој беше убедлив против Ден Довсон од Велика Британија.
Македонскиот тенисер и во игра на двојки ја мина првата пречка и утре со Дује Кекез од Хрватска ќе играат против првите носители Херман Касанова и Томас Липовшек Пухес од Аргентина.
Јотовски на турнирите во Тунис настапува со повреда на раката, која ја влече од настапот на фјучрсот во Хрватска кога во четвртфиналето загуби од Мате Делиќ.