-->
-->
Јотовски не најде против игра за Катиќ
-->
Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Кисељак откако попладнево загуби во 1/4 финалето од Србинот Дејан Катиќ со 2-0 во сетови. Ова беше уште една победа за Катиќ во меѓусебните мечеви, а Јотовски е сеуште без триумф (6-0 за Катиќ).
Првиот сет Катиќ го доби без проблеми со 6:1 во гемови. Во вториот сет Катиќ повторно направи брејк и поведе со 2:1, но Јотовски изедначи на 4:4. Во 11.гем Катиќ направи уште еден брејк што беше решавачко за да го добие и вториот сет. Мечот траеше 100 минути.
Јотовски следната недела ќе настапува на фјучрс турнир во Сараево, а потоа ќе тренира во Белград и Скопје каде ќе се подготвува за трите фјучрс турнири во Скопје, кои ќе се играат од 20.јуни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Ахмети до Мицкоски: Внимавај што зборуваш, Мицкоски му возврати да се подготви за опозиција