Тенис
19. July 2017 - 17:58

Јотовски напаѓа уште еден турнир во Грузија

 Томислав Јотовски откако минатата недела освои еден турнир во Грузија атакува на уште еден  ИТФ фјучрс турнир што се одржува во Телави.
 
Нашиот најдобар тенисер денеска во 1. коло го елиминира  Адисон Арон (Австралија) со 2-0.
 
Во меч што траеше 1 час и 43 минути, Јотовски го доби првиот сет со 6:0, а вториот на тај-брејк 7:6.
 
Јотовски на овој турнир е седми носител, а на претходниот минатата недела беше победник што се очекува следниот понеделник да му донесе скок од 161 место на АТП листата.