Тенис
18. April 2018 - 14:32

Јотовски експрес(но) го елиминура Турчинот Илхан

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски експресно ја мина првата пречка на фјучрсот во Анталија. Тој денеска го совлада Турчинот Марсел Илхан (303 на АТП листа) со 2-0 во сетови (6:1 и 6:2 во гемови) за 73 минути игра. Јотовски освои 60 поени, наспроти 36 на ривалот и воедно му се реваншираше за поразот во нивниот единствен меч одигран досега во рамките на Дејвис купот во 2011 година во Скопје. Јотовски оствари 6 брејка, додека на противникот освои два гема на сервис на нашиот тенисер.

Илхан е тенисер кој пред три сезони беше и на 77.место на АТП листата, а пред две сезони играше на Ролан Гарос. Илхан воедно е двоен освојувач на сребрен медал на Медитерански игри 2009 во Пескара и 2013 Мерсин. 
Илхан е еден од најпознатите имиња против кој Јотовски има постигнато победа (како и Лајовиќ и Гофин претходно).
 
Другите македонски претставници на фјучрсот во Анталија иако имаа за ривали носители прикажаа доби игри, но загубија.
Горазд Србљак загуби од вториот носител Русинот Иван Неделко со 2-1 во сетови за 2 часа игра. Неделко поведе со 1-0 откако го доби сетот со 6:1 во гемови, а Србљак изедначи добивајќи го вториот сет со истиот резултат. Во решавачкиот сет беше 6:3 за Неделко.
Силен отпор на првата носителка Ипек Сојлу и пружи македонската тенисерка Магдалена Стоилковска.  Таа го загуби првиот сет со 6:1 во гемови, а во вториот водеше со 5:4, но сепак Турчинката Сојлу направи пресврт и го доби сетот со 7:5.
Јотовски во второто ко0ло ќе игра против Давиде Галопини од Италија (572.место АТП листа). Нашиот тенисер има една победа во единствениот досега одигран меч.