-->
-->
Јокиќ: Сите 30 тимови се жалат и лелекаат на судиите, ние сме само еден од нив
-->
Центарот Денвер нагетс, Никола Јокиќ, по синоќешниот пораз од Бостон селтикс (87:105), го прокоментира неговото често незадоволство од судењето.
– Мислам дека сите 30 тимови во НБА-лигата се жалат и лелекаат за судиите. Ние сме само еден од нив. Така функционира играта. Арбитрите си ја вршат својата работа. Треба да си ја завршиме и ние својата работа. Секако, понекогаш има недоразбирања, спорови, како и во секоја работа, изјави Јокиќ.
За време на тајмаут во последната четвртина од средбата, кога Селтикс направија неверојатни 31:3, Јокиќ не беше со остатокот од тимот, туку седеше на клупата за резерви.
Со биланс 34 победи и 19 порази, Денвер се наоѓа на четвртото место на табелата во Западната конференција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени