-->
-->
Јокиќ исклучен, Денвер елиминиран од плеј-офот
-->
Деневер Нагетс со МВП на НБА-лигата, Никола Јокиќ, доби метала од Финикс Санс. Екипата од Арзиона со 4-0 избори пласман во финалето на Западот. Четвртиот меч од серијата Финикс го доби со 125:118. Дуелот го обележа исклучувањето на Јокиќ.
Како и во претходните три меча, и во четвртиот немаше дилема кој ќе победи. Финикс водеше и го диктира ритамот од почетокот до крајот. Надежите на Денвер дека ќе може да забележат победа паднаа во вода со исклучувањето на Јокиќ.
Српскиот центар, поради силен фаул врз Камерон Пејн, беше исклучен во 28. минута. Јокиќ забележа 22 поена, 11 скока и четири асистенции. Најефикасен кај Денвер беше Вил Бартон со 25 поени, Мајкл Портер Јуниор постигна 20, Монте Морис 19 поени.
Финикс до победата го предводеше ветеранот Крис Пол, кој одигра неверојатна серија. Четвртиот меч го заврши со 37 поени и седум асистенции. Во чекор го следеше Девин Букер со 34 поени и 11 скока.
Финикс во финалето на Западот ќе игра против победникот од серијата помеѓу Јута Џез и ЛА Клиперс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи