Балкан
16. July 2016 - 13:00

Јилдирим: Ситуацијата во Турција целосно е под контрола

Тој упати апел до граѓаните вечер да излезат на плоштадите ширум земјата.

Тој истакна дека одговорна за обидот за воен удар е паралелна структура во турската армија и оти народот го дал најдобиот одговор на „терористите“.

Јилдирим посочи дека обидот за воен удар е „црна дамка“ за турската демократија. Според него припадници на воената авијација, на воената полиција и на оклопните единици учествувале во воениот удар.

Претходно, вршителот на должност началник на Генералштабот на турската армија генерал Јумит Дјундар изјави дека војската е одлучна да ги отстрани членовите на „паралелната структура“ од своите редови.

Анадолија јави дека на поранешниот командант на воената авијација генерал Акин Озтурк и комнандантот на Одделението за поддршка и обика на Вооружените сили генерал Метин Ијидил ќе им се суди за велепредавство.

Турското обвинителство веќе покренало процедура против Акин и Ијидил поради велепредавство, предводење на воениот удар и негова реализација. 

Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика граѓаните да останат на улица и предупреди од можност од нов обид армијата да ја преземе власта.

- Нов обид од воен удар може да се случи секој момент, треба да ја задржиме контролата над улиците, напиша Ердоган на Твитер.