Свет
30. November 2016 - 13:32

Јилдирим: Предлог-уставните реформи се во завршна фаза

Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) е близу до финализација на уставните реформи, но ќе има уште една средба со „националистичката опозиција заради допрецизирање на подробностите“, изјави денеска во турскиот Парламент, премиерот Бинали Јилдирим.

Лидерот на опозициската Партија на националистичка акција (МХП), Девлет Бахчели претходно изјави дека има „значителен напредок“ во разговорите со АКП за предлогот за уставни реформи.

- Предлогот може да биде доставен до парламентарната Уставна комисија веднаш штом се надминат разликите по едно или две прашања, изјави Бехчели пред новинарите.

Турската Влада планира уставни измени со кои би се зајакнала позицијата на шефот на државата, кој според актуелниот Устав на Турција, има во голема мера само протоколарни надлежности.

Според противниците на ваквиот предлог, Владата сака парламентраниот систем во Турција да го претвори во претседателски, со што би се зајакнала власта на актуелниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган.