Балкан
15. July 2016 - 23:30

Јилдирим: Оние кои се обидоа да извршат воен удар за тоа ќе „платат скапо и прескапо“

 
Турската армија вечерва објави дека ја презела власта во земјата со цел “да ги зачува демократскиот поредок и почитувањето на човековите права“, пренесува МИА.
 
Во армиското соопштение испратрено по електронска пошта до медиумите се наведува дека приоритет на новите власти ќе биде владеењето на правото и дека Турција ќе ги задржи сите надворешни односи.
 
Засега не познато дали целиот армиски врв стои зад воениот удар, имајќи предвид дека западни медиуми јавија оти началникот на Генералштабот на турската Армија, генерал Хилуси Акар е задржан како заложник во седиштето на Генералштабот во Анкара.
 
Како што јави Би-Би-Си, турскиот премиер Бинали Јилдарим вечерва изјави дека група војници иницирале „илегална акција“, за што не добиле наредба, но дека во Турција не е извршен воен удар, .
 
– Група припадници на турските Вооружени сили се обидоа да ја соборат Владата, но безбедносните сили добрја наредба да ги преземат неопходните мерки, изјави Јилдирим за телевизијата НТВ.
 
Тој нагласи дека и покрај обидите на некој луѓе за незаконски активности, „Владата која е избрана од народот останува на власт“.
 
– Владата ќе си замине само ако тоа го побара народот, додаде Јилдирим, додавајќи дека оние кои се обиделе да извршат воен удар за тоа ќе „платат скапо и прескапо“.
 
Претходно, западни медиуми, повикувајќи се на изјави на очевидци јавија дека во Анкара вечерва се слушале истрели од автоматско оружје, како и дека градот го надлетувале воени авиони и хеликоптери.
 
Во исто, време турските медиуми јавија дека припадници на армијата ги затвориле за сообраќај двата моста преку протокот Босфор во Истанбул, кои ги поврзуваат европскиот и азискиот дел на градот.
 
Телевизијата НТВ информира дека воени тенкови се распоредени и на влезот на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, а припадници на армијата излегле на улиците и низ други градови во Турција.