Свет
29. November 2016 - 9:51

Јеменските бунтовници формира своја влада

Јеменските шиитски бунтовници Хути и нивните сојузници - силите лојални на поранешниот претседател Али Абдула Салех и неговата партија Генерален народен конгрес, формираа ривалска влада на Јемен, со што внатрешните национални поделби во земјата дополнително се продлабочија.

Хутите и нивните сојузници синоќа го објавија формирањето на нивната „Влада за национален спас“, која ќе дејствува од јеменскиот главен град Сана.

Другата Влада на Јемен, која е и меѓународно призната, се наоѓа во градот Аден.