Бизнис
19. February 2020 - 8:30

Јавното осветлување во две општини со јавно-приватно партнерство по ЕСКО модел

Општините Македонска Каменица и Чешиново Облешево денеска ќе потпишат договори за јавно-приватно партнерство по ЕСКО модел за јавно осветлување со ЕСКО компанијата Македонски Телеком АД – Скопје.

Овој проект е дел од Регионалната програма за енергетска ефикасност во Република Македонија, која ја поддржува енергетската ефикасност со фокус на јавниот сектор преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), за што е обезбедена финансиска поддршка од Инвестициската рамка на Европската Унија за Западен Балкан.

На потпишувањето на договорот ќе присуствува министерот за економија Крешник Бектеши.