Македонија
2. April 2021 - 12:36

Јавните обвинители бараат повисоки плати

Синдикатот на јавни обвинители бара покачување на платите на обвинителите и членовите на нивните тимови во висина на просечната од 29 000 денари. Кај нив најниското месечно примање е скоро во ранг на минималецот, а во останатите државни органи е 35 000 денари.

Нашата администрација, можам да кажам дека, доаѓа повеќе од љубов, отколку за пари, зашто најниската плата кај нас е 16 000 денари, а овој месец минималната плата е 15 500 денари- изјави Изабела Илиева, претседателка на синдикална организација на јавни обвинители

Обвинителите имаат многу малку или воопшто немаат стручни соработници, записничари и возачи. Сето тоа се рефлектира врз брзината на решавањето на предметите, а тоа пак води кон пораст на недовербата и незадоволството на граѓаните.

Во 2019-та година се пополнети само 328 работни места, а сме барале, како јавно обвинителство 1165. За раководни места сме барале 202, а сме добиле само 11. Дали е проблемот, што се кочи, во министерот за финансии од кого јавниот обвинител бара пари, дали е проблемот во министрите за правда или во тоа што нема воља, нас тоа не не интересира- додаде Илиева

Синдикатот бара и признавање на степенот на образование, односно за оние кои имаат факултетски дипломи, а се на пониски работни места, да им биде исплатена одредена надокнада.

Бараме да ни се признае барем најнискиот степен на кариера, кој носи околу 1000 денари, што за нашите плати многу значи- изјави Илиева

Возачите се во ранг на помлад референт со најниски примања, а неретко се случува да бидат ангажирани од двајца, па и повеќе обвинители.

Остануваат по цел ден со јавните обвинители, а немаат пари ниту јадење да си купат- вели Илиева

Едни од барањата се и плаќање на дежурствата и потпишување на колективен договор за работа.