Јавна расправа за Национална стратегија за млади 2016-2025
Младите луѓе не се товар, туку критичен ресурс во кој доколку вистински се инвестира, може значително да се придонесе за повисоки општествени цели, ова се наведува во нацрт-текстот на Националната стратегија за млади 2016-2025 за која денеска младите на јавна расправа дискутираа за заокружување на, како што наведоа, еден широк инклузивен процес.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески во своето обраќање нагласи дека креирањето на Националната стратегија за млади е еден од најинклузивните и отворени процеси во Македонија кој опфаќа учество на млади луѓе и претставници на релевантни институции.
- Младите луѓе добија можност да зборуваат за тоа како сакаат да изгледа нивната иднина, истовремено покажувајќи интерес и заложби да придонесат во позитивни промени во општеството, истакна Спасески.
Според него, младите преку Националната стратегија имаат можност отворено да зборуваат за проблемите со кои се соочуваат, меѓу кои се вработувањето, младинското учество и информирање, образованието, здравјето..
Стратешки приоритет, појасни Спасески, е овозможување подобар животен стандард за младите, креирање услови за механизам за заштита и почитување на фундаменталните права и слободи, вклучување на младите во спроведување на политиките и еднаков пристап до квалитетно образование.
Постојаниот координатор на Обединетите Нации и претставник на УНДП Луиза Винтон, која преку Програмата за развој на ОН го поддржа овој процес, истакна дека изготвувањето на стратегијата е карактеристично по партиципирањето на младите во него.
- Во рамките на тој процес имавме 35 работилници и 12 национални дебати. Оваа е последна пред нацрт - стратегијата да биде доставена на одобрување, рече Винтон.
Ново на Сител
-
Забрана за движење на повеќе патни правци
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица