Македонија
31. March 2016 - 8:43

Јавна дискусија за психофизичкото насилство помеѓу средношколците

„Психофизичко насилство во училиштата: реалност или табу?“ е тема на јавната дискусија организирана од Здружение на граѓани „Младите можат“, која денеска ќе се одржи во Скопје.

Настанот има за цел да развие дискусија за постоењето на сите видови на насилство во училиштата и да ги поттикне младите и сите останати засегнати страни да ги препознаат последиците од оваа појава и да преземат чекор за нејзино искоренување.

Во рамките на  настанот ќе се организираат три работни групи од коисе очекува да се добијат препораки кои ќе се достават до медиумите и пошироката јавност.

Насилствотопомеѓу учениците е еден од најсериозните проблеми кои го загрозуваат нивниот развој, здравјето и добросостојбата, основните права, достоинството и оставаат долгорочни последици врз индивидуата.