Свет
15. August 2019 - 8:28

Јапонија: Поради приближување на тајфунот „Кроса“ евакуација на над половина милион жители

Најмалку 570.000 жители на западните региони на Јапонија беа посоветувани да ги напупштат домовите и да се преместат во евакуациски центри поради приближување на тајфунот Кроса.

Тие мерките најмногу се однесуваат на префектурата Хирошима кон каде се движи тајфунот. Брзината на ветровите е околу 35 метри во секунда. Во западниот дел се очекуваат врнежи до 800 литри на квадратен метар. Властите предупредија и на лизгање на земјиште.

Откажани се 673 летови на внатрешни линии, отежнато е движење на возови и делумно се затворени автопатишта.

Кроса е десетти тајфун оваа сезона во Тихиот Океан. Тајфунот ќе навлезе во Јапонското Море по што ќе се насочи кон островот Хокаидо.