Свет
29. July 2016 - 8:59

Јапонија ќе потроши 120 милиони долари за борба против тероризмот во Африка

Јапонскиот министер за надворешни работи Фумио Кишида објави дека неговата земја ќе одвои 120 милиони долари, со цел да помогне во напорите за борба против тероризмот во Африка.

Тој вчера во Советот за безбедност на ОН изјави дека средствата ќе се употребат за поефективно собирање на информации и податоци во Африка, за подобрување на граничната контрола преку најсовремени технологии, како и за подобра примена на казнени мерки против злосторствата. 

Дел од парите ќе бидат наменети за развој на хуманитарните ресурси, за обука на околу 30.000 лица во периодот меѓу 2016 и 2018 година. Шефот на јапонската дипломатија не потврдил за каква обука станува збор.