Loading Video...
Спорт плус
9. February 2019 - 16:56

Јансурд за 2.стотинки пред Свиндал до мундијалското злато во спуст

Норвежанецот, Кјетил Јансурд е новиот светски шампион во најбрзата скијачка дисциплина спустот. 
 
До мундијалското злато на шампионатот во шведскиот ски-ценатр Оре, Јансруд стигна во време од 1:19.98 минути. 
 
Тоа беше само за 2.стотинки побрзо од сонародникот Аксел Лунд Свиндал, кој пак со овој настап ја заврши својата богата кариера. 
 
Освоеното среброто за Свиндал е вкупно деветти медал за Норвежанецот од Светските првенства, со што овој скија се вбројува меѓу најуспешните во историјата на овој спорт.
 
Третото место и бронзениот медал му припадна на Винсент Крихмаер од Австрија.
 
Еден од главните фаворити за златото во оваа дисциплина, Французинот, Парис кој пред три дена беше најдобар во супервелеслалом, денешниот спуст го заврши дури на шестото место. 
 
Светското првенство во скијање продолжува утре, со женската спуст-трка