Тенис
4. May 2016 - 15:40

Јанкуловски го заврши настапот на фјучрсот во Италија

Македонскиот тенисер Бојан Јанкуловски денеска загуби од вториот носител Ерик Крепалди од Италија на фјучрсот што се игра во Санта маргартита ди Пула. Јанкуловски (17 години) е елиминиран во второто коло со што успеава да освои еден поен. Младиот македонски тенисер досега има освоено два поена (1/4 финале на фјучрс во Бугарија) и се наоѓа на 1.631 место на АТП листата.
Денешниот меч од второто коло Јанкуловски го загуби со 2:0 во сетови (6:2 и 6:3 во гемови).
Македонскиот тенисер настапи и во четвртфиналето во игра на двојки каде со Куртис Кларк (Велика Британија) загубија од вторите носители Клаудио Фортуна и Рикардо Синикропи од Италија со 2:0 во сетови.