Јанева: Одземени се податоци од компјутерот за распределба на предмети во Кривичниот суд
Специјалното јавно обвинителство денеска изврши претрес во канцеларијата на судијата Владимир Панчевски и притоа одземени се сите податоци од компјутерскиот систем за распоредување на предмети во Основниот суд Скопје 1.
- Денеска по судска наредба, СЈО изврши личен претрес кај лицето Владимир Панчевски и со друга наредба од Судот ги одзема сите податоци од компјутерскиот систем за распоредување на предмети во Основниот суд Скопје 1, изјави попладнево специјалната јавна обвинителка Катица Јанева пред Судот.
Ваквите наредби, како што рече таа, биле издадени во врска со предистражна постапка на СЈО, која се уште се води во ова обвинителство. - Се надеваме дека во најскоро време ќе излеземе со истрага. Овој предмет е поврзан со друг предмет што произлегува од телефонските разговори, но лицата беа на оперативно следење и се поврзани со друг предистражен предмет што го води СЈО, истакна Јанева.
Специјалната јавна обвинителка рече дека се работи за кривично дело оддавање службена тајна.
Додаде дека претреси биле извршени и во канцелариите на информатичарите во Судот.
Ново на Сител
-
На „Табановце“ се чека околу 30 минути
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање