Јанев свика состанок на Советот за безбедност на бугарската влада
– Преодниот премиер на Бугарија Стефан Јанев за денеска свика состанок на Советот за безбедност на земјата, објави прес – центарот на владата.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, тема на состанокот на консултативното и координативното тело на Советот на министри на Бугарија ќе биде состојбата и капацитетот на системот за заштита на националната безбедност во контекст на очекуваниот нов бран мигранти.
Се очекува да бидат разгледани и мерки за подобрување на функционирањето на Советот за безбедност на бугарската влада.
Пред една недела, за време на расправата во Народното собрание, Јанев најави дека една од точките ќе биде како функционира Советот со формирањето на неговиот секретаријат.
По повод миграцискиот притисок по промената на власта во Авганистан, тој објави дека ќе има координација помеѓу специјалните служби.
Јанев додаде дека веќе е формирана специјална координативна служба, која секојдневно директно ја анализира заштитата на националната граница на Бугарија, како и за внатрешноста на земјата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација