Јакимовски: Новата општинска зграда ќе биде во функција во најскоро време
Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски денеска најави дека во најскоро време по победата на локалните избори општинската администрација ќе биде префрлена во новата општинска зграда, со што граѓаните ќе добијат побрзи и поквалитетни услуги.
- Зградата на општина Карпош е повеќегодишна инвестиција која ќе биде заокружена уште на почетокот на мојот следен мандат. Им гарантирам на карпошани дека во текот на следната година во оваа зграда ќе се всели администрацијата на општина Карпош, како и подрачните единици од министерствата се со цел граѓаните да добиваат побрзи и поквалитетни услуги на едно место, најави Јакимовски.
Тој рече дека со префрлањето на целата администрација на едно место ќе се зголеми контролата, но и дисциплината на работењето на општинската администрација.
- Во оваа зграда останати се уште неколку работи а тоа е да се поврзе расветата, да се обезбедат санитарии, да се стават мермери на приземјето и да се поврзе на парно греење. Сето тоа ќе го направиме што е можно побрзо се со цел граѓаните на општина Карпош во оваа зграда да можат да ги добијат своите услуги и да се сместиме во објект каде што ќе бидеме заедно. Каде што ќе може да има поголема контрола и дисциплина во работењето на администрацијата на општина Карпош, рече Јакимовски.
Ново на Сител
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот