Македонија
16. March 2016 - 16:18

Јакимовски: ГРОМ и граѓаните секогаш ќе застанат во одбрана на законот и институциите кога ќе има потреба

Класичен дебакл доживеа протестот на СДСМ пред Уставниот суд. Граѓаните решија да и стават крај на деструктивната политика на опозицијата и вчера во огромен број дојдоа да ги заштитат македонските институции.

Реки луѓе го заокружија Уставниот суд и не дозволија демонстрантите на СДСМ и СОРОС да го спроведат сценариото за дестабилизација. Како што поминуваше времето така растеше бројот на граѓани кои кажаа гласно не на деструкциите и газењето на Уставот.

Доцна вечерта десетици илјади граѓани се собраа пред Уставниот суд по што на опозицијата и стана јасно дека мисијата за уривање на институциите доживеа фијаско.

Следеше брзо повлекување на демонстрантите на СДСМ и СОРОС кој не можеа да ја скријат нервозата. Таа најмногу се манифестираше кај оние кои со автобуси беа доведени од Струмица и Куманово, но и администрацијата од општина Центар која се жалеше дека им бил вршен невиден притисок да се појават и да протестираат против институциите во својата држава.

Одбраната на институциите продолжи и денеска. Лидерот на ГРОМ, партијата која ја организираше одбраната денеска им се заблагодари на граѓаните

Најавите на СДСМ дека ќе кампува пред судот се покажаа како нова неуспешна епизода од сценариото на опозицијата. Демонстрантите на СДСМ и СОРОС се повлекоа за помалку од два часа кога се соочија со десетици илјади граѓани кои испратија јасна порака дека нема да дозволат деструкција.