Македонија
12. February 2017 - 12:30

Јакимовски: Ако СДСМ формира влада ќе предизвика сериозни проблеми

Стевчо Јакимовски, лидерот на ГРОМ и градоначалник на општина Карпош, смета дека со СДСМ на власт ќе се прекрши принципот на коалицирање победник со победник и тоа ќе ја одведе земјата во уште подлабока криза. 

- Ако СДСМ формира влада, нема да биде испочитувана волјата на граѓаните и тоа ќе предизвика сериозни проблеми. Кризата нема да се реши, туку дополнително ќе се продлабочи, вели претседателот на ГРОМ и градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.