Свет
12. March 2017 - 22:20

Јагланд повика на дијалог за турските митинзи во Европа

Генералниот секретар на Советот на Европа, Турбјорн Јагланд денеска повика на конструктивен дијалог околу одржувањето на митинзите во евроските земји во пресрет на референдумот за уставните измени во Турција, на кои се планирани учества на турски владини претставници, јави ДПА. 

- Сегашните случувања им штетат на дипломатијата и на демократијата. Не можеме да дозволиме состојбата да се влоши уште повеќе, порача Јагланд.

Тој истална дека сите турски државјани во татковината и во странство треба да имаат можност да учествуваат на „отворени и чесни расправи“ за прашањето за зголемување на надлежностите на шефот на турската држава, но дека таквите собири во странство треба да се организираат во соработка меѓу властите на Турција и на соодветната држава, со цел тие да бидат во согласнот со националните законодавства.

Берлин кон средината на неделава им забрани на двајца турски министри да се обратат на собири на Турците што живеат во Германија, додека холандските власти вчера одбија да му дозволат слетување во земјата на авионот на турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, кој требаше да говори на митинг во Ротердам, а подоцна од Холандија беше протерана и турската министерка за семејни прашања Фатма Бетул Сајан Каја.