-->
-->
Ја удрил автомобил кога имала 9 години: Родителите не можеле да ја препознаат 17 години подоцна
-->
26-годишната Јасмин Бритни од Финска не е просечно млада девојка. Уште од нејзината несреќа која се случила пред многу години, таа е парализирана од вратот надолу и осудена е животот да го мине во инвалидска количка. Се уште не и е лесно, но Јасмин нашла уникатно хоби кое и помага да ја надмине својата попреченост.
По 4 часа на ден Јасмин минува во подготовка. Таа добила инспирација од своите идоли: Барби кукли, Бритни Спирс, Пепелашка итн. Ова се моделите кои таа се обидув да ги имитира со изгледот. Ова е скапа и долготрајна процедура, само изминатата година таа потрошила скоро 15000 долари на своето хоби, но за неа тоа не е битно.
- Со покажување на мојата внатрешност, ја поттикнувам мојата самодоверба, - вели јасмин.
Во нејзиниот вкус ништо не се сменило од несреќата која и се случила во детството.
- Беше тоа убав сончев ден, само што добив пари, се потсетува Јасмин, 17. март 1998 година, 9.годишната (Катарина Коскиранта нејзиното поранешно име) ја удрило такси, а таа летала 23 метри. Возачот не ја видел бидејќи пишувал порака на телефонот и закочил премногу доцна. Девојчето било пренесено во болница.
Кога се разбудила во болница Јасмин не го чувствувала своето тело.
- Во погледот на моите родители, видеов дека нешто не е во ред, рекла Јасмин.
Било вистинско чудо што преживеала, иако имала неколку операции на `рбетот немало надеж да се поправи. Нејзиното семејство дало се од себе за да ја подржи. Нејзините сестри Јана и Сату, тогаш 14 и 24 и читале бајли додека била во болница.
Додека лежела парализирана во креветот со цефка за дишење, Јасмин донела одлука: Наместо да се откаже под животот и сонот, таа се вратла на своите херои од детството кои и помогнале да се соочи со проблемите. Нејзината добра пријателка и дадилка Хенрика и помага секојдневно со шминката, гардероба и нега. Јасмин и е бескрајно благодарна за поддршката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено